Македонски
English
 
         
Јавни набавки
 
Информации за ЈН
Законска регулатива  
Закон за јавните набавки 
Подзаконски акти 
Обрасци 
Процедури 
Дирекктиви на ЕУ 
Тендерска документација 
Модел на договори 
Самостојна обука 
 

 

Закон за јавните набавки (пречистен текст - неофицијална верзија)
Опис: Закон за јавните набавки (пречистен текст - неофицијална верзија) со измените направени со Закон за изменување и дополнување на законот за јавните набавки објавен во Сл. весник на РМ бр.109/2005
превземи –pdf документ, 301.7 KB

Закон за изменување и дополнување на законот за јавните набавки
Опис: Закон за изменување и дополнување на законот за јавните набавки објавен во Сл. весник на РМ бр.109/2005
превземи –pdf документ, 48.6 KB

Закон за јавните набавки
Опис: Закон за јавните набавки. Службен весник на РМ број 19/2004. Ова е последната верзија на законот која не преставува измена на веќе постојниот закон, туку потполно нов закон.
Законот во целост –pdf документ, 290.4 KB

Корупција кај јавните набавки Јавните набавки се област во која е лоцирана корупцијата, особено имајќи го предвид износот на јавни средства кои се одлеваат за задоволување на потребите од набавки кај набавувачите. Ако договорот се склучува со повисока цена од реалната, двете страни имаат добивка: приватниот понудувач ги зголемува своите приходи, а јавниот службеник има можност дел од овој профит да задржи за себе. Вообичаено е за двете вклучени страни да сакаат да го прикријат таквото корупциско однесување - и тоа на сметка на граѓаните. Притоа, треба да се истакне дека корупцијата во јавните набавки не донесува само загуба во пари, туку влијае да се набавуваат стоки, услуги и работи кои со своите карактеристики, квалитет и рокови на испорака не одговараат на потребите на набавувачот, а често се случува да се испорача само дел од договореното или испораката да изостане во целост. Последиците од неадекватните набавки двојно негативно се одразуваат на работата на државниот апарат и јавните претпријатија, имено, трошоците на нивното функционирање се зголемуваат со тоа што квалитетот на услугите кои ги пружаат на граѓаните е послаб од потенцијалниот, што во крајна линија паѓа на товар на граѓаните, со оглед на тоа дека овие институции се финансираат со нивни пари, а истовремено граѓаните се и корисници на нивните услуги. Заради тоа неопходна е јавна дискусија за корупцијата во јавните набавки со цел да се прекине практиката на молчење, како и да се промени свеста и перцепцијата која постои во јавноста. Со транспарентен, правичен и ефикасен систем на јавните набавки, се овозможува корупцијата да се лоцира и елиминира.